На 17.12.2023 година од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 19 возачи на моторни возила, кои извршиле престигнување на непрегледни и места каде со сообраќаен знак тоа е забрането. Од нив во Охрид и Струга по осум, во Дебар двајца и Кичево еден, информираат од СВР Охрид.

OhridNews