Од СВР Охрид велат дека во моменотов се вршат анализи на вкупниот број на лични карти кои се издадени до сега, па наскоро ќе се знае уште колку охриѓани немаат извадено нова лична карта. Тие нагласуваат дека поголеми проблеми во системот за вадење на личните карти нема, освен повремен пад на линијата, кој не влијае многу врз темпото на издавање на истите.
Според Министертвото за внатрешни работи, рокот за промена на старите лични карти со нови, биометриски, е до 27 февруари 2010 година.