По Охрид и Скопје ќе подигне споменик на Св. Климент Охридски
12.12.09 12:20
Скопје догодина ќе подигне споменик на основоположникот на Словенската писменост, Св. Климент Охридски. За таа цел Општина Центар го објави Јавниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање на ова спомен обележје. Според конкурсот, ќе треба да биде изработена монументална скулптура на Св. Климент Охридски на постамент, изведена во траен материјал. Спомен обележјето се планира да се постави пред Народната и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” во Скопје.
На конкурсот за изработка на овој проект може да учествуваат домашни и странски физички лица.
Првата награда за откуп на пристигнатите идеи изнесува 300.000 денари. Втората награда е со износ од 200.000, а третата награда е 100.000 денари. Изборот на идејниот проект ќе го врши Одборот за подигање на спомен обележјето. Конкурсните трудови треба да се доставуваат во архивата на Општина Центар, во Скопје најдоцна до 27.01.2010 година.
Општина Охрид, спомен обележјето на Св. Климент кое се наоѓа на охридскиот полоштад го подигна во 2006 година.
По повод смртта на новинарот Илче Стојаноски, ЗНМ и медиумската заедница од Охрид утре, среда (23 април) организираат комеморација која ќе се одржи во 10 часот во Големата сала на Општина Охрид Сто...
Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа успешно спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри з...
Доктори специјализанти од Охридско-струшкиот регион ќе бидат вработени во Општата болница Охрид со цел надминување на проблемот со недостиг на лекари Како што информираше директорот на Општата болн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.