Полицијата вчера приведе едно лице кое се сомничи дека сторило серија убиства на возрасни жени во Скопје.

Неофицијално МВР имало основани сознанија дека  приведеното лице стои зад убиството на Елена Минова од Бутел, кое што се случи на 29-ти октомври, како и дека ги лишил од живот стариците Лидија Христовска исто така од Бутел во март годинава, и  Вера Богоева од населбата Аеродром.

Сите жртви се убиени со употреба на тврд предмети и со удари по главата, а начинот на кој беа убиени овие жени , како и нивниот семеен статус, упатуваа дека убиството е дело на едно лице – сериски убиец.

Доколку случајот и официјално биде потврден, тоа ќе биде втор случај на сериски убиец во Македонија. Првиот сериски убиец воопшто на Балканот официјално е охриѓанецот Лазе Радески, кому му беа припишани три убиства на улични продавачи на девизи од Охрид, за што тој беше осуден на доживотен затвор.

Ohridnews