ПС Струга, поднесе кривична пријава против Х.Е. (45) од Скопје, за сторено кривично дело „фалсификување пари„ Во јуни 2010 година во Струга, пријавената во продавница пуштила во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра.

Исто така, пријавената заедно со И.А. во септември 2010 година, во Струга  во продавница пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра, а при преглед на нивното возило пронајдени се четири фалсификувани банкноти од по 50 евра.

ПС Струга, поднесе кривична пријава против пријавените скопјани за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

OhridNews