Нова демократија на Селмани јавно се произнесе дека нема да го поддржи Законот за Собрание доколку не бидат прифатени нејзините амандмани, а ДПА се закани со бојкот на Парламентот. ДУИ тактизира најмногу и сеуште со точност не се знае како ќе се однесува партијата на Ахмети,. ДУИ од една страна смета дека Законот за јазици доволно ја дефинира употребата на албанскиот јазик, а од друга страна ги поддржува и амандманите на Нова демократија која бара целосна двојазичност.
Поради сето ова Законот за Собрание се смета за клучен во остварување на европската агенда на државата, без која Македонија не треба да очекува позитивен сигнал за отпочнување на преговори за влез во ЕУ.