Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне заминува за Исланд каде ќе го одигра третиот натпревар од  квалификациски циклус за СП 2010.

Избраниците на селекторот Сречко Катанец ќе треба да ја потврдат фаворитската улога в среда (20 ч.) на стадионот „Лаугардалсволур“ во Рејкјавик.

Пред заминување, челниците на ФФМ во присуство на репрезентацијата ќе ја промовираат соработка со автомобилскиот гигант „Тојота“.

ohridnews