Истражниот судија во Осносвниот суд во Струга, Зеадин Исљами, му одреди мерка притвор до 30 дена на Николас Морли, возач на возилото Порше Карера кое учествуваше во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на магистрлниот пат Струга – Ќафасан.

Во несреќата како што веќе информиравме животот го загуби 67-годичниот Владимир Чепуњоски, а неговата сопруга Маргица се бори за живот во Клиничкиот центар во Скопје.


Поршето оштетено, голфот „здробен“ (снимени пред УВР Струга)

Возачот на Поршето, 30- годишнниот британец Николас Морли, беше приведен при обид да избега од местото на несреќата со странско БМВ, управувано од неговиот сонародник Метју Мек Конвил. Тој во придружба на адвокатот Драган Гоџо денеска даде исказ во полиција и пред истражен судија.

До несреќата дошло кога спортското возило “Порше Карера“ кое според очевидци со голема брзина се движело кон Ќафасан се судрило со возилото Голф 1 со охридски регистарски таблички во кое се наоѓале сопружниците Чепуњоски, и кое според првичната истрага од спореден се приклучувало на главниот пат.

МВР најави дека притив возачот на поршето ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела по безбедноста и непружање помош на повредени во несреќа, ,како и дека ќе биде спроведена истрага за да се утврди со колкава брзина се движело спортското возило и  дали голфот ги почитувал правилата при приклучувањето на магистралата.

Од полицијата велат дека поршето било дел од поголем конвој луксуузни спортски возила кои учествувале на меѓународна рели трка Гамбл 3000, кое го организираат познати личности од светскиот џет-сет.

Г. Момироски
фото: С. Костоски