Лавина од реакции предизвика одржувањето на традиционалната Стр ушка литија, на која и покрај најавите и апелите од свештените лица лица, присуствуваа и голем број верници и граѓани. При таква масовност држењето неопходна дистанца и почитување на мерките за превенција, релиси беа невозможни.

Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва на социјалните мрежи изрази разочараност од случувањата во Струга.Тој ушати апел до граѓаните да се воздржат од било какви собири за да конечно почнеме да го враќаме животот во нормала.

Сцените кои ги гледам денес од Струга се крајно разочарувачки за мене. Ги толкувам единствено како целосно непочитување на здравствените работници и сите кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата. Од почетокот постојано повторувам дека без поддршка од граѓаните, здравствените работници не можат да направат ништо. Буквално ништо. Ако сакаме да го задржиме овој позитивен тренд мора ги почитуваме мерките без исклучок. Исто така, барам да се спроведе истрага како се дозволило да се случи ваков вид на собир кој е строго забранет.  – напиша Филипче.

Реагираше и вицепремиерот Бујар Османи, кој најави дека ќе има одговорност за денешниот настан во Струга.

 

Во градот каде што смртноста од вирусот е 20% од бројот на заразени, ова е највисоко ниво на неодговорност. Сега ниту една мерка нема смисла. – истакна Османи.

Традиционалната версла церемонија доби и политичка димензија. Владејачката СДСМ го обвини министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за загрозување на здравјето на граѓаните и побара оставка од него.

Денеска, јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ Струга, а полицијата беше прустуна на настанот и воопшто не реагираше. Наместо предупредување, укажување и спречување на масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната. Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.  – се вели во соопштението на СДСМ.

OhridNews