Во Охрид како главен туристички центар, во летниот период се одржуваат голем број концерти и манифестации од јавен карактер.

Должност на организаторите на вакви манифестации е да склучат договор со Ј.П.”Охридски Комуналец” за вонредно чистење на јавните површини со соодветен надоместок утврден со Одлука на Совет на општина Охрид. – Но, оваа одлука не се почитува од голем број организатори на вакви јавни собири, велат од јавното претпријатие.

Манифестациите и концертите се оддржуваат, а зад себе оставаат само расфрлан отпад и грда слика. Зачудува фактот што Комуналната инспекција сеуште не реагира и не постапува по Законот за јавна чистота, потенцираат од ЈП Комуналец.

Ohridnews