Локалната самоуправа најави дека ќе покрене судска постапка за докажување на сопственоста  над своите објекти кои иако се општински со нив располага државата. На ваков чекор локалната се решила по последните недоразбирања со централната власт околу просториите кои под наем ги користеше Секторот за локален економски развој.

“И во тој случај како и во многу други централната власт настапува од позиција на сила“, вели градоначалникот Петрески. Централната власт во општинската зграда држи повеќе наши простории кои не ги напуштаат и покрај неколкуте испратени барања до институциите кои се сместени таму дека треба да ги ослободат тие простории, рече Петрески. Ние така, сме принудени при наши простории да плаќаме кирија, вели градоначалникот.


наместо локален развој, промена на локалот

Просториите каде што беше сместен ЛЕР беа наши општински, кои се национализирани од државата, а наши се и просториите кои ги користи и Здравствениот дом, кои требаше да бидат ослободени до крајот на април, вели Петрески. Според него ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор на локалната самоуправа и должи многу повеќе пари отколку што изнесува долгот за неплатената кирија на Секторот.

Не во ред да се постапува со иселување, рече Петрески, кој најави дека општината е приморана да ја примени таа непопуларна мерка за да си ги поврати сопствените простории, за што ќе биде покрената судска постапка.Ние тоа не го правиме за инает, туку затоа што тие простории ни требаат за нашата администрација, рече Петрески кој информираше дека за конкретните случаи  писмено го информирал премиерот.

Г. Момироски