Локалната самоуправа ја прифати иницијативата на жителите од Стар град за уредување на плажата Сараиште, единствената од отворен тип во овој дел од градот . Жителите побараа на плажата, која е една од најпосетените во летниот период, да се донесе песок, да се постават клупи  за седење, корпи за отпад, како и соблекувални за капачите.

Активностите за уредување на плажата ќе започнат идната недела и се очекува да завршат за краток временски период, односно пред официјалниот почеток на летната сезона. До тогаш, треба да се отстранат кајчињата кои се чуваат на плажата.

OhridNews