По триумфот над Грција македонските кошаркари ја забележаа втората победа на турнирот во Улм совладувајќи го домаќинот Германија со 81-67.
Македонија има изгледни шанси за освојување на првото место на турнирот во Улм, а за тоа да го стори треба да ја совлада Босна и Херцеговина во меч, кој се игра вечерва.
Ѓорги Чековски со 16 поени ги предводеше репрезентативците до триумф против „панцирите“. Лестер Бо Мекклејб уфрли 14 поени, Тодор Гечевски 12, Перо Антиќ и Војдан Стојановски по 11, а одличната „партија“ ја заокружи Владо Илиевски со дет кошеви.
Мх.П.