Еден човек кој сакал да купи марихуана е уапсен откако по грешка наместо на дилерот му пратил порака на еден полицаец од Њу Џерси. Тој не бил на должност кога ја примил пораката од непознат број во која некој човек барал да се сретнат за да купи марихуана.


Бидејќи полицаецот не знаел кој ја пратил пораката, како ни дали станува збор за сериозна содржина одлучил да се сретне со купувачот. Отишол на договореното место, во еден локален шопинг центар и се сретнал со потенцијалниот купувач на дрога, кој претходно му го опишал возилото во кое ќе го чека. Таа средба резултирала со апсење на човекот кој сакал да купи дрога.