Шведската полиција соопштила дека денес била повикана да направи ред во центарот на Стокхолм, каде се појавиле илјадници луѓе откако Шведскиот завод за вработување по грешка преку имејл испратил покана за 61 илјада наместо за 1000 кандидати за работа.
Портпаролот на полицијата Улф Линдгрен рекол дека службениците на заводот повикале полиција откако неколку илјадници невработени се појавиле на саемот за работа, каде требало да се сретнат со евентуален работодавач. Тој навел дека имало големи тензии, но дека никој не бил приведен. Директорот на заводот, Клас Олсон, јавно се извинил поради недоразбирањето на сите лица кои дошле на состанокот.