Една тинејџерка во Германија, која преку фејсбук ги поканила гостите на својот роденден, побегнала од забавата кога видела дека се појавиле повеќе од 1500 лица, бидејќи кога ги испраќала поканите заборавила да селектира само одредени пријатели, па ги поканила сите. За обезбедување на нејзината роденденска забава полицијата во Хамбург морала да ангажира околу 100 полицајци, меѓу кои биле и припадници на коњичката единица.


Портпаролот на полицијата, Мирко Штрајбер, рекол дека за време на забавата биле приведени 11 лица, а неколку девојки се исекле на искршеното стакло. Запалена била и една канта за ѓубре. Штрајбер навел дека девојката, која по грешка поканила повеќе од 1500 лица на роденденот, побегнала и се сокрила, но додал дека и покрај тоа забавата била вистински хит.