Едно анонимно момче напишал порака до својот дилер да му продаде марихуана, но по грешка пораката успеал да ја прати на шерифот во американската Монтана и многу брзо потоа завршил во притвор. Шерифот најпрво помислил дека некој се шегува, но одлучил да се состане со момчето.
На договореното место испратил полицајци. Момчето кое ја испратило пораката било во друштво на пријателите, а откако полицаецот им ја покажал значката едно од момчињата се онесвестило. Ги привеле тинејџерите и ги повикале нивните родители. Потоа ги пуштиле само со предупредување, мислејќи дека соочувањето со родителите ќе им биде доволна казна.