Ученик од Шропшир во Британија останал изненаден откако ја проверил состојбата на својата бакарска сметка. Вилијам Бовен (16) привремено станал милионер поради банкарска грешка. Веднаш штом ја видел состојбата на сметката подигнал 1.000 фунти и си купил  нова гардероба.


Мајката на Вилијам, Џоана изјавила дека е многу лута на банката бидејќи на таков начин го охрабрила нејзиниот син да направи долг на сметката.

Откако ја видела состојбата на сметката веднаш го посетила директорот на банката, кој и рекол дека за грешката е виновен неисправен банкомат, а истрагата е се уште во тек.