Една романка која пред Божик темелно ја чистела куќата, по грешка ја фрлила заштедата од 40 илјади евра која нејзиниот сопруг ја чувал во стари чизми. Брачниот пар за Нова Година забележал дека парите ги нема и почнале да ги бараат старите чизми. по неколкудневната безуспешна потрага, брачниот пар одлучил да ги повика властите на помош. Полицијата брзо им вратила 30 илјади евра.


Чизмите ги зела една жена која преживува пребарувајќи ги контејнерите и која со сопругот и десетте деца живее во една колиба во еден сиромашен кварт. Од најдените пари купиле куќа вредна 20 илјади евра, но купопродажбата била поништена а парите биле вратени. Сиромавото семејство во меѓувреме потрошило 10 илјади евра.