Ненајавено синоќа во Охрид дојде до средба на министрите за одбрана на Македонија и Грција, Зоран Коњаноски и Евангелис Меимаракис. Во кусата средба биле истакнати заложбите за продолжување на добрата соработка, како во периодот пред самитот на НАТО во Букурешт, а станало збор и за заедничките интереси во областа на одбраната. По средбата кратка изјава даде македонскиот министер, додека неговиот грчки колега ги одбегна новинарите.
Коњановски кој денеска во Охрид е домаќин на Самитот на министри за одбрана од Југоисточна Европа и САД, синоќа оствари билатерални средби и со колегите од Украина, Турција и Албанија. На средбите станало збор за соработката помеѓу армиите, за обука на кадри, како и за техничка соработка.
По кусите средби помеѓу македонскиот министер за одбрана и тројцата негови колеги од Украина, Турција и Албанија повеќе детали не беа изнесени, а новинарски прашања за министрите не беа дозволени.
Горан Момироски
Росица Голабоска
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com