Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков следната сезона ќе се врати во Македонија откако потпиша тригодишен договор со Вардар.


По распадот на шампионскиот тим на Металург, Манасков замина во германскиот бундеслигаш Вецлар, а таму со блескавите игри ги импресионираше челниците на Вардар.

– Со задоволство можам да потврдам дека е потпишан договорот со Манасков, кој ќе остане во Вардар најмалку три сезони. Игрите на Манасков беа одлична препорака да му понудиме соработка и на заедничко задоволство тој ќе се врати во Скопје и ќе игра за Вардар. Нашиот клуб отсекогаш сакал да ги има најдобрите во своите редови, а уште посреќни сме што еден репрезентативец на Македонија го одбра Вардар, како своја следна дестинација во кариерата. – рече Давор Стојаноски за официјалната страна на клубот.

Ангажманот на Манасков ќе значи карта во еден правец за Добривоје Марковиќ, а со Тимур Дибиров заедно македонскиот репрезентативец ќе го сочинуваат можеби најдобриот тандем на левото крило.

Ohridnews