По завршувањето на фестивалот на францускиот филм, охриѓани и гостите ќе имаат можност во периодот од 21 – 26 јули, да проследат уште една манифестација, поврзана со филмот. Станува збор за проектот “Високи достигнувања  од ниската земја ( Холандија)“, кој го организира Здружението на граѓани “Јавна соба“ од Скопје, во соработка со фестивалот “Охридско Лето“, Центарот за култура “Григор Прличев“ и Општина Охрид.

Како што соопшти локалната самоуправа, манифестацијата која претставува презентација на Холандската кинематографија, ќе се одвива на отворен простор пред дирекцијата на Охридско Лето. Се очекува на свеченото отворање да присуствува и амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини.

Ohridnews