Најверојатно експлозија на гас во Ист Вилиџ, во Њујорк, била причината за уривање на две згради, откако пламенот зафатил вкупно три згради, јавија американските медиуми.

На приземјето на една од зградите имало суши-ресторан, а остатокот бил станбен простор. Пожарот кој избил во оваа зграда, ја зафатил и соседната зграда која исто така се урнала.

Според надлежните, 19 луѓе се повредени во пожарот, вклучително и пет пожарникари. Четири цивили се во критична состојба, а седуммина се со помали повреди. Четворица пожарникари се префрлени во болница, а на еден му е укажана прва помош на местото. Најмалку едно лице се смета за исчезнато.

На прес-конференција, градоначалникот на Њујорк, де Бласио, рече дека порано во четвртокот градежници работеле на зградата, кога дошле од сервисот за гас да видат дали може да се спроведе системот за гас во зградата. Инспекцијата утврдила неправилности, па им дала задача на градежниците да го поправат системот. Еден час подоцна зградата експлодирала.

Според случаен минувач кој на Fcebook постирал видео, околу зградата мирисало на гас. Видел и растрчани работници кои се обидувале да поправат нешто, а по 15 секунди се случила голема експлозија. Потоа видел како се растрчале луѓе со раскрвавени глави и раце, а се обидел да им помогне на некои работници кои останале заробеи внатре. Чад можел да се почувствува сé до Менхетен, а граѓаните биле предупредени да не ги отвораат прозорците за да не им навлезе чад.

Во четвртокот вечерта, пожарникарите сé уште се бореле со огнот, иако немало видливи пламени јазици. Преку денот повеќе од 250 пожарникари интервенирале. Евакуираните од зградите се сместени во засолништа, а повеќе институции и хотели понудиle бесплатен престој најмалку три ноќи.

OhridNews

Извор:„Макфакс“