Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името, Метју Нимиц, вечерва во Њујорк се очекува да оствари средба со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Целта на средбата, како што соопштуваат од неговиот кабинет, е да им се овозможи на двете страни да ги презентираат своите позиции, како и да се осигура дали има области што треба дополнително да се испитаат, како и да се одредат следните чекори со крајна цел – постигнување на брзо решение на спорот со името.

Средбата е закажана во 18 часот и 30 минути по македонско време.

Ова е прва средба што Нимиц ја закажува по речиси една година.

OhridNews
извор: Makfaks