По цела една деценија играње во третата лига Југозапад струшки Влазними се врати во второлигашкото друштво. Последен пат беа дел од ова друптво во сезоната 98/99 кога втората лига беше поделена на запад и исток. Оваа година конкуренцијата ќе биде далеку посилна, а како што вели Ади Крека преседателот на клубот очекуваат достојна презентација.
– Наша примарна цел е да се зацврстиме во горниот дел на табелата, а доколку ни се укаже прилика сигурно би се замешале и во врвот, во местата кои водат во баражот – вели Крека.
Натпреварите Влазними ќе ги игра на стадионот на Караорман, се до реновирањето на стадион, кој во моментов не ги задоволува второлигашките стандарди.
–
Во договор со Агенцијата на Млади и Спорт и струшката локална самоуправа , во зоната еден ќе започне изградба на нов терен, па по неговата изградба ќе се преселиме таму, до тогаш ќе играме овде во Струга – завршува Крека
Стружани имаа почеток од соништата откако во мечот на новајлиите во второлигашкото друштво, го победија 11 Октомври со 2-1. Атај и Бафтијари погодија за домаќините, додека почесниот гол за гостите беше дело на Миречвски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com