На 13 јули , еден ден после свеченото отварање на Охридско Лето, доаѓа првата претстава од драмската програма. После една цела декада од последното гостување , Народно позориште од Белград, пред охридската театарска публика ќе се претстави со српската класика, комедијата „Покондирена тиква “ од Јован Стерја- Поповиќ во режија на еден од најдобрите српски режисери Јагош Марковиќ.
Ексклузивитет за овој настан е што претставата специјално се адаптира за прекрасниот простор во предворјето на црквата Св. Софија.
Во претставата која е современа визија на класикот Стерја Поповиќ, играат ѕвездите на српскиот филм, театар и телевизија.
Насловната улога на Фема- богатата вдовица ја игра славната Олга Одановиќ – Петровиќ. Другите актерски ѕвезди се: Бранислав Томашевиќ, Хана Јовчиќ, Јелена Хелц.