По речиси еден месец бојкот, учениците Македонци од струшките средни ушилишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, денеска се враќаат на настава. Минатата недела беше постигнат  компромис помеѓу Владата, локалната самоупрвара, раководствата на училиштата и родителите до крајот на оваа учебна година учениците Македонци да учат во една, а учениците  Алабанци во друга зграда

“Со ова решение на краток рок ќе се постигне  компромис меѓу двете страни, Македонците кои бараа поделени етнички односно јазични смени и Албанците кои сакаа да продолжат да учат во заеднички смени”, изјави  неодамна во Струга вицепремиерот Ставрески.

Според најавите  до почетокот на идната учебна година во Струга треба да се обезбеди уште  една зграда каде ќе се смести едно од двете средни  училишта. Со тоа ќе се надминат  просторните проблеми за воведување јазични смени на што се инсистираше по масовните тепачки помеѓу учениците Македонци и Албанци кои беа вовед во едномесечната криза во средношколскиот центар во Струга.

ohridnews