Поранешниот кошаркар на АМАК СП, Зоран Стојанов, Тони Грнчаров од тимот на Струмица и Бојан Трајковски од Лирија заработија суспензија од еден натпревар за тепачката која ја предизвикаа на мечот Струмица – Лирија.
Покрај суспензиите од еден натпревар Трајковски за иницирање на тепачка и удариање на противнички играч заработи и парична казна од 30 000 денари додека Стојанов и Грначаров ќе треба да платат 10 000 денари за учество во тепачка.
Натпреварот екипите го доиграа без ниту еден кошаркар, а на паркетот Струмица беше со три играчи додека Лирија со четворица.
Мх.П.