Поради голем дефект на електро-мрежата, делови од градот вечерва еден час останаа без електрична енергија.
Како што веќе информираше „Ohridnews“ дефектот кој се случи околу 21 часот и 40 минути, бил на 110 киловолтната станица Охрид 1. Поради тоа без
електрична енергија останаа повеќе населени места во и надвор од Охрид.
По интервенција на дежурната екипа на ЕВН-подружница Охрид дефектот беше отстранет околу 22.40 часот.
Поради дефект во електро-системот делови од Охрид еден час беа без ел. енергија