Веслачките од охридскиот клуб „Југ“, Анастазија Паскали и Александра Иваноска освоија по две одличја на меѓународната регата „Тракија“ која се одржа во Пловдив, Бугарија.
Кадетката Паскали се закити со златен медал во дисциплината ергометар, а бронза освои во дисциплината скиф.
Во скифот за сениорки Иваноска заврши на третата позиција, а на истото трето место финишираше во дисциплината ергометар.
На регатата во Бугарија учествуваа четиранаесет клубови од шест различни земји.
Ohridnews