Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, вчера ги потпиша решенијата за доделување стипендии на редовни студенти со послаба социјална положба и талентирани млади спортисти.

Задолжената комисија за избор на корисниците на стипендии што ги доделува градоначалникот, го изврши изборот меѓу 90-тина кандидати според критериумите кои беа поставени со конкурсите објавени во септември.  Месечниот  износ на стипендијата што ке ја добиваат корисниците во текот на оваа учебна година е 2 илјади денари, соопшти локалната самоуправа.

Општина Охрид доделува стипендии за успешни студенти кои се во незавидна семејна состојба како и млади талентирани спортисти трета година по ред.

Ohridnews