Кајакарите на ККК „ЕХО“ по 20 години на Охрид да му донесоа екипен триумф на Државно првенство. На националниот шампионат во кајак на мирни води што викендов се одржа на Охридското Езеро во организација на ККК „ЕХО“ и Комитетот за спринт, охридските кајакари го освоија златниот медал.
Втори во екипна конкуренција беа кајакарите на ККК„ Црн Дрим “ од Струга, а бронзата и третото место му припадна на кајак кану клубот „Стрмец од Охрид.
Годинава Државното првенство во кајак на мирни води се одржа подоцна од првично предвидениот термин, затоа што македонските кајакари имаа богата интернационална натрпеварувачка програма.
На Светското првенство во кајак на мирни води кое се одржа во Сегедин, Унгарија, Константин Дејкоски од Струга го освои 28 место. На Европското првенство кое се одржа во Брандербург, Костантин Дејкоски го освои 24-то место во дисциплината К1 на 500 метри. На Светското младинско првенство кое се одржа во Сегедин македонските кајакари постигнаа задоволителни резултати. Никола Кутески го освои 28-то место а Јован Пендовски се пласира на 37-то место.
Од Комитетот за спринт најавуваат дека со добра програма и подобрени тренинзи, идната година од светските и европските првенства македонските кајакари можат да се вратат со освоен медал.
OhridNews