По 20 години пауза, холандските гости  повторно се враќаат на охридско-струшката ривиера.Се обновуваат старите пријателства и врски со quality international  од Холандија и со „Адриатик“ од Загреб кои пред многу години беа главни виновници за масовниот престој на холанѓани во Охрид и Струга.

Според најавите најголем дел од нив ќе бидат сместени во струшкиот хотел „Дрим“, а дел во неколку хотели во Охрид.

Според Гоце Чекароски, директор на хотел Дрим Струга, се очекува доаѓање на 16 чартер летови почнувајки од 3 мај, со околу 139 туристи неделно.

Со ова ќе се стави крај на досегашната ад- хок ситуација кога само периодично странските туристи беа присутни на ривиерата вели Чекароски.


уште една оптимистичка најава за враќање на холанѓаните-Гоце Чакароски

Договорот со „МАТ“ е потпишан, во тек е изработка на каталог и пропаганден материјал наменет за саемот за туризам што од 8 до 13 јануари 2008 ќе се одржи во холандскиот град Утрехт, а потпис на договорот треба да стави и премиерот Никола Груевски како гаранција за сигурност на гостите кои треба да престојуваат во Охрид и Струга.Се очекува доаѓање на млада клиентела која е заинтересирана за културно историските знаменитости и за ноќниот живот, велат туристичките работници кои како најбогата со холанѓани на ривиерата ја паметат 1988 година.

Охриѓани пак со емоции зборуваат за убавите времиња кога градот бил преполн со холанѓани. Ги паметат како доста љубезен и питом народ. Се сеќаваат на забавите до  раните утрински часови. Во Охрид мината година беше изграден и споменик на познатиот холандски писател А.Ден Долард како гест на добра волја кон овој пријателски народ.
Враќањето на гости од западноевропските држави доволно зборува дека полека но сигурно Охрид станува атрактивна туристичка дестинација.

Мики Трајковски