Годинава Денот на шегата – 1-ви Април го доживуваме во вистински амбиент. Избори се, а во политиката, нели се е “дозволено“. Во изминатите дваесетина дена изборна кампања  се изнаслушавме помали или поголеми бисери, но сигурно политичарите зачувале некој и за денот на шегата.

Се надеваме само дека беа серизони во ветувањата дека ќе направат се’ што е во нивна моќ вториот круг од изборите на 5-ти април да мине во фер и демократска атмосфера. Алтернатива немаме, се’ друго ќе биде несолена шега која скапо ќе ја плаќаат генерации. Затоа господа политичари шегувајте се денеска до мила волја, доликува 1-ви Април е , но немојте да се пошегувате со нашата иднина во недела, би било несериозно.

Ohridnews