Изминатите 24 часа во државата се регистрирани нови 46 случаи со Ковид -19 од вкупно 3.487 направени тестови. Како оздравени пациенти се регистрирани 89 пациенти, бројот на починати изнесува 15 лица од кои четири лица се починати во домашни, а 11 во болнички услови.
Од новите 46 случаи, во Скопје се 27, Куманово – 8, Охрид и Струга – по 2, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево, Делчево, Виница и Крушево – по 1, соопштија од Министерство за здравство.
Регистрирани се 89 оздравени пациенти од Скопје – 51, Куманово – 9, Кочани, Струмица и Радовиш – по 3, Кичево, Тетово, Велес, Штип и Ресен – по 2, Охрид, Битола, Виница, Гостивар, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1, информираат од Министерство за здравство.
Во моментов во Охрид има 189, а во струга 72 активни случаи со Ковид 19.
OhridNews