По два дена мрак Маларична доби струја откако дефектот поради кој во средата старата зграда во која е сместена оваа здравствена установа остана без електрична енергија, денеска бил отстранет, но ординациите сеуште не работат.
дефектот во Маларична отстранет?
Пред два дена поради неисправна инсталација во Маларична изби пожар кој со брза интервенција на противпожарната единица беше локализиран. Пожарот предизвика вознемиреност и револт кај лекарите кои бараат подобри услови за работа.
Раководството на здравствен дом кое два дена се оглушуваше на барањата на медиумите за изјава, денеска се огласи со информација дека дефектот поради кој Маларичната немаше струја бил отстранет.
Сепак на терен спротивно од информациите, кои повикувајќи се на Здравствен дом, ги објавија охридските медиуми, друга слика. Маларична е сеуште во најголем дел во мрак. Екипата на ohridnews вечерва ја посети Маларична. Делот каде се сместени ординациите на општите лекари не работи, а во мрак е и детсткото одделение. Веќе трет ден.
ohridnews