Невообичаен настан се случи деновиве во охридското село Песочан. Осумгодишна мечка се фати во стапица што на околу еден килкометар од селото ја поставил некој од жителите.
Заробеното животното, рането и вознемирено беспомошно се бореше за живот, а драмата ја решија ветеринарите и други стручни лица кои најпрвин ја успаа мечката, а потоја ја ослободија од стапицата, по што таа се врати во планина.
Мечката беше успиена па ослободена
фото: Васко Бујароски