Даниел Ретклиф познат по улогата на Хари Потер открил дека престанал да пие алкохол по подолго време. Не се напил ништо од средината на 2010 година кога сватил дека има проблем. Тој изјавил дека почнал да се потпира на алкохолот како би уживал во некои работи во животот. Неколку години живеел живот кој воопшто не му одговарал.
Даниел живее со девојка чиј идентитет не сака да го открие. Како што рекол, животот му бил многу полесен откако бил трезен. Уживал во врската и фактот дека е задоволен од се што има, а да не е пијан цело време. Иако би сакал да биде личност која ќе оди на забава и ќе се напие неколку пијалоци, тоа кај него не можело да функционира.