Во организација на Институтот за социо – културна антропологија на Македонија, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, списанието „Руски политички науки“ од Москва, Русија, како и списанието „Журнал за глобални процеси“ од Мајами, Флорида, САД, од 18-19 јануари, во Охрид, по 9-ти пат се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2021“.

Поради светската пандемија на КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе се одржи on-line преку платформата „ZOOM“. Исто така и тематски конференцијата ќе биде посветена на пандемијата, под наслов „Културното наследство, животната средина, научните истражувања и туризмот под услови на пандемија“. На конференцијата ќе бидат презентирани 42 труда, од 61 учесник и 12 земји. – истакна Рубин Земон, претседател наа Програмскиот комитете на 9-та меѓународна конференција „Охрид – Водици 2021“

Отворањето на конференцијата ќе биде на 18 јануари 2021, со почеток во 9.30 часот, кога преку видео обраќање собирот ќе го поздрави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски. На отворањето на конференцијата ќе се промовира Зборникот на трудови од минатогодишната 8-ма конференција.

Оваа година на конференцијата ќе има два новитети. На 18.01.2021 со почеток од 16 часот ќе се одржи ZOOM тркалезна маса на тема „Дигиталните технологии во заштитата на културното и природното наследство, промоцијата на еко-туризмот, и поддршката на научните работници за време на Ковид-19 пандемијата“. Вториот новитет е што од конференцијата се очекува да произлезе „Меморандум за заштита историското, културното и природното богатство за време на Ковид-19 пандемијата“, со повик да институции и научници низ Светот го поддржат Меморандумот.

OhridNews