Плејмејкерот Игор Мијајловиќ е вториот кошаркар по Ноа Далман кој заминува од редовите на македонскиот првак, МЗТ Скопје.

По назначувањето на Алеш Пипан за тренер на екипата, тој најави дека ќе има реконструкција, но за тоа дека ќе треба време.

Времето дојде, за само три дена “штрковите“ се ослободија од двајца кошаркари, кои минатата сезона беа дел од шампионскиот мозаик на екс тренерот Александар Тодоров.

Кариерата српскиот плејмејкер најверојатно ќе ја продолжи во Кожув додека испразнетото место на позицијата еден во МЗТ го пополни Оташевиќ.

Македонскиот преставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје со половичен скор од осум натпревари се наоѓа на десеттата позиција со 12 бодови. Во наредното деветто коло од АБА Лигата, “штрковите“ гостуваат кај второпласираната Игокеа.

Мх.П.
Фото : “Мкд.мк“