Осумдесетина велосипедисти зедоа учество на кружната трка околу Охридското Езеро, што во организација на ВК „Екодром“по четврти пат се одржа денеска.

На стартот од трката која е дел од манифестацијата „Ден на езерото“, чиј домаќин годинава беше Охрид, се приклучија и градоначалниците на трите крајезерски града Никола Бакрачески (Охрид), Зијадин Села (Струга) и Артан Шкемби (Поградец). На овој начин тие изразија поддршка на проектот ‘‘Критична маса – велосипедистите во сообраќајот“.

Мотоот на годинешната трка беше ‘‘Заобиколи го Езерото, Почитувај го Езерото‘‘. Трката имаше и хуманитарен карактер за поддршка на ранливите категории граѓани. Секој учесник во трката издвои по 150 денари за поддршка на проектот ‘‘Две тркала и едно срце за хуманост‘‘, што заеднички го реализираа ВК „Екодром“ и Црвен крст Охрид ‘‘Две тркала и едно срце за хуманост‘‘.

Г.М.