Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, го најавува одржувањето на четвртиот по ред Меѓународен aматерски младински театарски фестивал „Вдиши Театар“.

Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно претставува и почеток на културното лето во Охрид, велат од Црвениот крст.

На овој тридневен младински театарски фестивал, својот актерски талент, умешност и креативност, низ 3 театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 30 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, Крагујевац, и Бар  што воедно ќе отвори можност за сплотување на актерите-аматери од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.

Четвртиот Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира во Охрид, во периодот од 01 до 04 јуни 2017 година.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 01.06.2017 (четврток) во предворјето на црквата -Св.Софија со почеток во 20:30 ч. со прикажување на претставата „Багаж“ под авторство на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид. 

OhridNews