Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата.
Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година.
Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско.
Неодамна премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”.
Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).
OhridNews