Воска Спорт и Силекс, вчера одиграа мирољубиво реми без голови на „Билјанини извори“ во рамки на13то коло од фудбалската Втора лига – Запад.
ГФК Охрид, пак, стигна до значаен бод на гости против Тетекс. Текстилците имаа водство од 35та минута, а Охрид стигна до бод во 88-та минута од пенал.
По 13 одиграни кола на табелата прв е Силекс со 35 бода, пред Воска Спорт која има 26. Охрид со 11 освоени бода е претпоследен, 9ти на табелата.
Во следното коло кое на програмата е веќе во вторник, 7ми декември, Охрид го пречекува Гостивар, а Воска гостува во Велешта кај истоимениот тим.
Г.М.