По БиБиСи, и Дојче Веле ја укинува програмата на македонски јазик. Германското радио “Дојче Веле” повеќе нема да емитува програми на македонски, бугарски, грчки, полски, романски и хрватски јазик.


“Дојче Веле” ќе прекине голем дел од своите радиопрограми од први јули. Причината за тоа е желбата во иднина да стави акцент на телевизиските програми и емитувањата преку интернет.

Претходно во јануар и Би-Би-Си ја укина радио програмата на македонски јазик, што се емитуваше од Лондон во изминатите 15 години. Тогаш во соопштението на најголемата британска медиумска компанија беше истакнато дека покрај македонската секција, се укинуваат и уште четири редакции – на албански, на српски, на англиски за карибскиот регион и на португалски јазик за Африка.

Ohridnews