По барање на Минестерството за внатрешни работи, фудбалската федерација на Македонија го одложи супер дербито во Битола меѓу Пелистер – Вардар.


Дербито првично беше закажано за в недела со почеток во 14 часот, но поради новонастанатата ситуација во Скопје, МВР доставило барање до ФФМ за одложување.

Комисијата за натпревари дербито во Првата македонска фудбалска лига го закажа за в среда во 14:00 часот.

Мх.П.