По забраната за продажба на алкохол на малолетни лица, забраната за продажба на алкохол без лиценца и по 19 часот, Владата реши да ја забрани и продажбата на енергетски пијалаци на лицата помлади од 18 години.

Оваа новина е содржана во Предог-законот за измени на Законот за трговија, за кој собраниската комисија за економски прашања даде зелено светло.

Очекувањата на власта се дека со забраната за продажба на алкохолни и на енергетски пијалаци ќе се делува превентивно врз здравјето на младите.

Ohridnews