Американската филмска академија вечерва во Лос Анџелес   88-ми пат ќе ја додели најпрестижната филмска награда Оскар. Меѓу номинираните има големи актерски имиња: Леонардо ди Каприо, Мет Дејмон, Кејт Бланшет, Џенифер Лоренс, Шарлот Ремплинг, Кејт Винслет, Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Кристијан Бејл, Силвестер Сталоне, Рејчел Мекадамс.

Членовите на американската Академија на филмска уметност и наука ќе ги наградат најдобрите филмови -12 номинации освои филмот „Повратник“, 10 „Побеснетиот Макс“, а 7 номинации доби „Марсовец“. За Оскар за најдобар филм номинирани се: „Мост на шпиони“, „Бруклин“, „Повратник“, „Побеснетиот Макс“,„Марсовец“, „Соба“, „Обложување на столетието“ и „Spotlight“.

Ова ќе биде едно од најблескавите изданија на оскаровската церемонија на која ќе се појават огромен број филмски и музички ѕвезди: Расел Кроу, Вупи Голдберг, Шарлиз Терон, Морган Фримен, Бенисио Дел Торо, Риз Видерспун, Џулиен Мур, Софија Вергара, Џон Леџенд, Лејди Гага, Д’ Викенд, Фарел Вилијамс, Сем Смит.

Водител на „Оскарите“ ќе биде популарниот актер, сценарист и режисер, Крис Рок, а настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот.

OhridNews