Советот на Општина Дебрца, на предлог на градоначалникот, ги усвои измените и дополнувањата на Годишната програма за образование за 2022 година.
Со измените се врши проширување на мерката „Добре дојдовте првачиња”, со што општината за секое запишано прваче во ООУ „Дебрца”, во учебната 2022/2023 година ќе обезбеди еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари. Покрај финаниската поддршка од општината и оваа година Фондацијата „Капинков”, на Драган Капинков, кој живее и работи во Перт, Австралија за секое наше прваче ќе обезбеди комплет училишен прибор, информира градоначалникот Зоран Ногачески.
Инаку, Фондацијата „Капинков” непрекинато почнувајќи од 2013 година донира училишен прибор во училиштето.
OhridNews