Шеесет и пет годишниот Индиец од градот Канпура веќе 43 години се обидува да го заврши училиштето кое би одговарало на нашето средношколско образование. Наскоро ќе оди на завршен испит веќе по 44 пат.

Миан Хабар Хусен (65) вели дека образованието е повредно од верата, и навистина се труди да учи за испитите, но за тоа нема време поради работата. “Ако биде Божја волја, ќе ги поминам испитите. Ќе продолжам со учење додека не умрам“, рекол Хусен.


Тој веќе 43 години се обидува да го заврши училиштето и е одлучен во намерата од тоа да не се откаже, туку да се обиде уште еднаш. Семејството го прехранува работејќи како продавач на зеленчук.

Еден од неговите помлади колеги рекол: “Сите се обидовме да му помогнеме со одговорите, но тој не сака ничија помош. Сеуште се обидува да го положи испитот и се надеваме дека ќе успее“!